а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напредне

напреднат; напредни, напреднете; напреднав, напреднаа; напреднал: напреднат; (ќе) напреднев; (ќе) напреднеа; (ќе) напреднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17616
1. Помине определен пат, одејќи напред.
Англиски: advance Албански: përparoj, avancoj
Примери:
И покрај лошиот пат, денеска добро напреднавме.
2. Постигне определен резултат, успех во својата работа, во извршувањето на некоја задача.
Англиски: progress Албански: progres
Примери:
Слабо сте напреднале во работата.
3. Се развие кон подобро или кон полошо.
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Примери:
Житото добро напреднало.
За кусо време болеста многу напреднала.
4. Се издигне, заземе повисоко место во службата.
Англиски: raise Албански: avancohem, ngritem
Примери:
Брзо напредна до највисоко место.
Изведенки
1. напреднува несв.
напреднуваат
2. напреднување ср.
глаг. им.