advance - онтологија

дотера повеќе

дотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне до некаква положба или степен на рангирање.
Албански: përparoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Маката нè дотера до ваму.

искачи повеќе

Види и: качи (св.)
искачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искачи) Напредува во работата.
Албански: avansoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
За кратко време тој се искачи на висока позиција.

испика повеќе

испикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се пробие на добра служба, на добро работно место.
Албански: avansoj
Примери:
Се испикаа сите по разни министерства.

напредне повеќе

напреднат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине определен пат, одејќи напред.
Албански: përparoj, avancoj
Примери:
И покрај лошиот пат, денеска добро напреднавме.

напредува повеќе

Види и: напредне (св.)
напредуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Постига резултат, успех во работата.
Албански: avansoj

понапредне повеќе

Види и: напредне (св.)
понапреднат
Вид збор: Глагол, свршен
Се придвижи малку, делумно напред; отиде малку нанапред.
Албански: përparoj, avancoj
Примери:
Едната група понапредна и тој побрза да ја стигне.
Напредне малку или донекаде.
Албански: avancoj, përparoj
Примери:
Може да се каже дека понапредна во учењето.

понапредува повеќе

Види и: напредува (несв.)
понапредуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Напредне малку или донекаде.
Примери:
Таа понапредува во учењето.

унапреди повеќе

унапредат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне напред во развојот.
Албански: përparoj
Примери:
Ја унапреди науката.
Постави на повисока положба во службата.
Албански: avancoj
Примери:
Го унапредија за генерал.