настрана
Вид збор: Прилог
Ранг: 1179
1.
На страна, на некоја страна (просторно).
Англиски:
aside
Седна малку настрана.
Се тргнаа настрана нешто да си кажат.
Ја наведна главата настрана.
2.
Одложено, изделено, не земајќи нешто предвид.
Англиски:
aside
Да го оставиме сега тоа прашање настрана.
Се држи некако настрана.
Настрана сето тоа.
Се почувствува малку настрана.
Изрази
Остави настрана - штеди.
Капата настрана - без грижа.
Шегата настрана - сериозно кажано.