а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

натежне

натежнат; натежни, натежнете; натежнав, натежнаа; натежнал; натежнат; (ќе) натежнев, (ќе) натежнеа; (ќе) натежнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8371
1. Добие поголема тежина, стане потежок.
Англиски: weigh Албански: rëndoj
Примери:
Гранките натежнале од богат род.
Покривите на куќите натежнаа од снег.
2. Се наведна од тежина на една страна; изгуби рамнотежа.
Англиски: tip over Албански: rëndohet
Примери:
Кајчето натежна на нашата страна.
Терезијата натежна на едната, па на другата страна и се смири.
3. Придобие некого со барање, со молба за нешто.
Англиски: persuade Албански: bind
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ти ќе му натежнеш да се согласи.
4. Почувствува тегоба од нешто.
Англиски: suffer Албански: ndjej, vuaj, rëndoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Годините му натежнале.
Во душата ми натежна голема тага.
Изведенки
1. натежнува несв.
натежнуваат
2. натежнување ср.
глаг. им.