натежне
натежнат; натежни, натежнете; натежнав, натежнаа; натежнал; натежнат; (ќе) натежнев, (ќе) натежнеа; (ќе) натежнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8371
1.
Добие поголема тежина, стане потежок.
Примери:
Гранките натежнале од богат род.
Покривите на куќите натежнаа од снег.
2.
Се наведна од тежина на една страна; изгуби рамнотежа.
Примери:
Кајчето натежна на нашата страна.
Терезијата натежна на едната, па на другата страна и се смири.
3.
Придобие некого со барање, со молба за нешто.
Примери:
Ти ќе му натежнеш да се согласи.
4.
Почувствува тегоба од нешто.
Примери:
Годините му натежнале.
Во душата ми натежна голема тага.
Изведенки
1.
натежнува несв.
натежнуваат
натежнуваат
2.
натежнување ср.
глаг. им.
глаг. им.