нафати
нафатат; нафатил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7087
1.
Фати, налови многу, во големо количество (риби, птици, дивеч).
Слично со:
налови (св.)
2.
(се нафати) Фати доволно, се задоволи со фаќање.
Слично со:
насобере (св.)
3.
(се нафати) Се прикрепи, се налепи, се насобере нешто.
Примери:
Се нафатила роса на прозорците.
Се нафатил прав по книгите.
На гранките се нафатил сињак.
Слично со:
прикрепи (св.)
4.
(се нафати) Се обложи, се фати на облог.
Примери:
Се нафатил со селаните дека за пари ќе ја преплива реката.
Слично со:
обложи (св.)
5.
(се нафати) Прифати нешто, се зафати со некоја работа.
Примери:
Кога не можеш, што си се нафатила да ги чуваш децата!?
Тој ако се нафати, ќе ја сврши работата.
Слично со:
прифати (св.)
Изведенки
1.
нафаќа несв.
(се) нафаќаат
(се) нафаќаат
2.
нафаќање ср.
глаг. им.
глаг. им.