а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прикрепи

прикрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 22070
1. Потпре со нешто за да го направи поцврсто, посигурно.
Англиски: support Албански: përkrah
Примери:
Тој ги прикрепи гранките со еден стап.
2. Придржи некого за да не падне.
Англиски: hold Албански: mban
Примери:
Ќе паднеше да не го прикрепеше.
3. Помогне некому.
Англиски: help Албански: ndihmoj
Примери:
Тој го прикрепи да стане.
Ја викна жена си да му прикрепи да растовари.
4. закрепости
Албански: bujkrob
5. Приклучи, придружи кон некаква организација и сл.
Англиски: join Албански: bashkohem
Примери:
Тие го прикрепија нивното здружение.
6. (се прикрепи) Се придржи за некого или нешто.
Албански: mbështet
Примери:
Се прикрепи за масата за да стане.
7. (се прикрепи) Даде потпора, помош еден со друг.
Албански: përkrahje
Примери:
Ќе се прикрепат еден со друг.
8. (се прикрепи) Се приклучи, пристапи, се пријави.
Албански: bashkohem
Примери:
Очекував да се прикрепат и другите.
Изведенки
1. прикрепува несв.
(се) прикрепуваат
2. прикрепување ср.
глаг. им.