национален
национални
Вид збор: Придавка
Ранг: 641
1.
Што се однесува на дадена нација.
Примери:
национална самобитност
национално движење
национална програма
2.
Што ѝ припаѓа на нацијата, што го одразува нејзиниот карактер.
Примери:
национална култура
национален театар
национална кујна
Слично со:
народен (прид.)
3.
државен
Примери:
национално знаме
национална химна
национален грб
национален буџет
национален доход
Слично со:
државен (прид.)
4.
Што се однесува на помала национална група.
Примери:
национално малцинство
национална област
Слично со:
етнички (прид.)