надворешнополитичкиот
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со надворешната политика.
Примери:
Нашите стратегиски надворешнополитички цели се јасни.
народноослободителниот
Вид збор: Придавка
Што има за цел ослободување на народот.
Примери:
народноослободително движење
национални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на дадена нација.
Примери:
национална самобитност
(едн.) национализмот
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Идеологија на општествено, политичко и културно дејствување која националните интереси и вредности на една нација ги поставува над другите граѓански вредности и над интересите на другите нации.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Одземање на имотот (земја, фабрики, средства за производство, недвижен имот, обртни средства) од приватниците во полза на државата.
мн. националисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на национализмот
националистичка
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на национализам и на националисти.
мн. националности
Вид збор: Именка, женски род
Припадност кон определена нација.
националсоцијализмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичко фашистичко движење во Германија меѓу двете светски војни.
мн. националсоцијалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на националсоцијализмот.
националсоцијалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа или се однесува на националсоцијализмот и на националсоцијалистите.
мн. нацисти
Вид збор: Именка, машки род
нацистичка
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на нацизмот и на нацистите.
невладини
Вид збор: Придавка
Што не зависи од владата.
Примери:
невладини организации
неврзаниот
Вид збор: Придавка
Што не е поврзан, вклучен во воен сојуз и сл.
Примери:
неврзани земји
недемократска
Вид збор: Придавка
Што е спротивно на демократијата.
Примери:
Внатре во партиите останаа целосно недемократски структури во кои на крајот за се' решава еден единствен деспот.
мн. недискриминации
Вид збор: Именка, женски род
Отсуство на дискриминација; одбивање на дискриминација.
Примери:
Се бара недискриминација на хомосексуалците.
мн. неистомисленици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има поинакво или спротивно мислење.
Примери:
Прогонување на неистомислениците.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Нова форма на политика која повторно се обидува да го оживее нацизмот.
Примери:
Сите учесници го осудија неонацизмот.
(едн.) неофашизмот
Вид збор: Именка, машки род
Движење на екстремно националистичките сили во некои земји кое се стреми кон оживување на фашистичката идеологија.
мн. непартијци
Вид збор: Именка, машки род
Што не е член на партија.
мн. номенклатури
Вид збор: Именка, женски род
Кругот на лицата што се распределуваат на места и функции во некоја хиерархија.
Примери:
Политичка номенклатура.