најави
најават
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9789
1.
Претходно извести за некој иден настан.
Примери:
Владиниот претставник најави блиски средба на двајцата претседатели.
Метеоролошката служба најави влошување на временските услови.
2.
Објави доаѓање на некого, претстави некого, нечиј настап и сл.
3.
(се најави) Извести некого за своето доаѓање во посета.
Примери:
Да ми се најавеше, ќе го пречекав на станицата.
Изведенки
1.
најавува несв.
(се) најавуваат
(се) најавуваат
2.
најавување ср.
глаг. им.
глаг. им.