announce - онтологија

вести повеќе

вестат
Вид збор: Глагол, несвршен
јавува, соопштува, навестува
Албански: paralajmëron
Примери:
Тешките темни облаци вестеа невреме.

гатне повеќе

гатнат
Вид збор: Глагол, свршен
загатне, навести
Примери:
Ги гатна работите и ништо понатаму не кажа.

декларира повеќе

декларираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се декларира) Се изјасни, се определи за некого или за нешто.
Албански: njoftoj
Примери:
Тие ги помагаат националните движења, но не се декларираат пред јавноста.

загатне повеќе

загатнат
Вид збор: Глагол, свршен
Наспомне, поткаже нешто оддалеку.
Примери:
Тој загатна нешто, ама јас не разбрав што сакаше да ми каже.

каже повеќе

кажат
Вид збор: Глагол, свршен
Соопшти, изрази со друго средство наместо со зборови.
Албански: shpall
Примери:
Првите пушки кажаа дека станува нешто големо.

навести повеќе

навестат
Вид збор: Глагол, свршен
Најави претходно.
Примери:
Се обидов нешто да му навестам.

најави повеќе

најават
Вид збор: Глагол, свршен
Претходно извести за некој иден настан.
Албански: lajmëroj
Примери:
Владиниот претставник најави блиски средба на двајцата претседатели.
Објави доаѓање на некого, претстави некого, нечиј настап и сл.
Албански: shpalli
(се најави) Извести некого за своето доаѓање во посета.
Албански: lajmëroj
Примери:
Да ми се најавеше, ќе го пречекав на станицата.

обзнани повеќе

обзнанат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнесе во јавност.
Примери:
„Со вакво постапување на поединци се загрозува правниот поредок и правната еднаквост на граѓаните.“, обзнани Судот.

објави повеќе

објават
Вид збор: Глагол, свршен
Разгласи нешто, огласи, соопшти нешто некому.
Албански: shpall
Примери:
Премиерот објави предвремени избори.
Даде официјално соопштение, потврда за нешто.
Албански: shpall
Примери:
Тој објави дека предлогот е едногласно усвоен.

огласи повеќе

огласат
Вид збор: Глагол, свршен
Објави, соопшти, разгласи нешто.
Албански: shpall
Примери:
Тој испука неколку истрели и така ја огласи смртта на татка си.

пријави повеќе

пријават
Вид збор: Глагол, свршен
(се пријави) Се јави, извести некого за своето доаѓање, присуство.
Албански: shpall
Примери:
Тие се пријавија во пријавницата.

прогласи повеќе

прогласат
Вид збор: Глагол, свршен
Огласи, пушти абер.
Албански: lajmëroj
Примери:
Тогаш глас прогласи низ градот.

разгласи повеќе

разгласат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде гласност на нешто.
Албански: shpall
Примери:
Кој ја разгласи најпрво веста?
(се разгласи) Стане познат на мнозина.
Албански: shpall, njoftoj
Примери:
Се разгласи брзо во градот.

разгласува повеќе

Види и: разгласи (св.)
(се) разгласуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разгласи

соопштува повеќе

Види и: соопшти (св.)
соопштуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
соопшти