некаков
некакви
Вид збор: Заменка
Ранг: 179
1.
(прид. зам.) Неопределено каков.
Англиски:
some
Некакви луѓе дошле во селото.
Се скарале за некакви пари.
Почувствува некаква возбуда.
Треба да има некакво решение.
Бара да добие некаква работа.
2.
Што нема соодветна вредност, што не вреди многу.
Англиски:
some
Се запознал со некаков писател.
И тоа било некаква плата.
Изрази
Некаков си - потсилена неопределеност или потсилена нијанса на пренебрегнување.