some - онтологија

еден повеќе

Види и: еден (бр.)
Вид збор: Заменка
За потцртување, за истакнување на именката.
Употреба: Разговорно
Примери:
Имаше едни мустаќи до уши.

кој повеќе

мн. кои
Вид збор: Заменка
Во неопределено значење при набројување: некој..., еден..., друг..., трет...
Примери:
Потоа луѓето се сјурија надолу, кој на нозе, кој на колена, кој на дланки.

некаков повеќе

некакви
Вид збор: Заменка
(прид. зам.) Неопределено каков.
Примери:
Некакви луѓе дошле во селото.
Што нема соодветна вредност, што не вреди многу.
Примери:
Се запознал со некаков писател.

некој повеќе

мн. некои
Вид збор: Заменка
(неопр.) Со именка - неопределено, непознато кој.
Албански: dikush
Примери:
Некоја жена те бараше.
(неопр.) Неопределено колку (време, количеcтво), неопределено каков.
Албански: disa
Примери:
Го видов пред некој ден.

понекој повеќе

мн. понекои
Вид збор: Заменка
Не секој, некој меѓу повеќето.
Примери:
Понекој ќе го загледаше зачудено, но само ќе подигнеше раменици.