нов
нови
Вид збор: Придавка
Ранг: 76
1.
Што е скоро направен, штотуку пронајден, што не е или е малку употребуван.
Примери:
нова облека
нова кола
нова куќа
нова сорта пченица
нова болест
нова песна
ново оружје
Спротивно од:
стар (прид.)
2.
Што дошол да замени некого или нешто.
Примери:
нова генерација
нов раководител
нова влада
3.
Што следува по тоа што му претходело.
Примери:
нови услови
ново искуство
нова задача
4.
Современ, што се поврзува со сегашноста.
Примери:
нова литература
нова наука
нова историја
Изрази
Нова година - денот први јануари како празник.
Нов(иот) свет - Америка.