нога
мн. нозе
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 139
1.
Еден од деловите на телото на човекот и на животните со кој се оди.
Примери:
Десна и лева нога.
Предни и задни нозе.
Спротивно од:
рака (ж.)
2.
Долниот дел од ногата на човекот, од глуждот до прстите.
Примери:
Големи нозе.
За твоите нозе тешко чевли ќе се најдат.
Мала нога.
Слично со:
стапало (ср.)
Изрази
На нога е - готов е за нешто, за дејствување.
На нога е - не е болен во кревет, не е тешко болен.
Од нога - набрзина, стоејќи.
Во здрава нога трн си става - си создава непотребно непријатности.
Живее на висока нога - живее во раскош, во висок стил.
Му гори под нозете - се наоѓа под голем притисок, пред тежок проблем.
На рамна нога (со некого) - еднаков, рамен на некого.
Ниша нозе - безделничи, не работи ништо.
Нозе искрши - премногу се растрча, се заложи за некого, за нешто.
Нозете му се пресекоа - се исплаши, се стресе.
На стаклени нозе стои (е) - има слаба, нестабилна положба, функција.
Со едната нога е в гроб - се наоѓа пред умирање.
Стане на левата нога - лошо расположен.
Ти фатил камен ногата - принуден си на нешто, нема друг излез од создадената положба.
Вранина нога - вид полско цвеќе.