а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обере

оберат; обери, оберете; обрав, обраа; обрал; обран; оберев, обереа; оберел; оберен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11732
1. Собере плодови, растенија или делови од нив со кинење, тресење и сл.
Англиски: harvest Албански: mbledh, vjel
Примери:
Ноќеска некој ги обрал црешите во бавчата.
Оваа година рано го обравме тутунот.
2. Ограби некого или нешто.
Англиски: rob Албански: grabis
Употреба: Разговорно
Примери:
Некој ме обрал додека сум спиел.
По патот го сретнале арамии и го обрале.
Изрази
Го обра бостанот - западна во голема неволја.
Изведенки
1. оберува несв.
оберуваат
2. оберување ср.
глаг. им.