обеси
обесат; обесил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2231
1.
Закачи, намести нешто да виси.
Примери:
Тој ја обеси низата пиперки на ѕидот од балконот.
Таа ги обеси мокрите алишта на едно јаже во дворот.
Слично со:
закачи (св.)
2.
Лиши некого од живот со бесење, изврши смртна казна бесење.
Примери:
Некаде околу полноќ ги обесија двајцата партизани.
Вид: усмрти (св.)
3.
Спушти, наведне (глава).
Примери:
Момчето ја обеси главата нажалено.
4.
(се обеси) Си го одзеде животот со бесење.
Примери:
Тој се обесил на дабот зад куќата.
5.
(се обеси) Се провисне на некого или на нешто.
Примери:
Таа ми се обеси на вратот.
Мајмунот се обеси на една гранка од дрвото.
Изрази
Го обеси носот - се налути.
Изведенки
1.
обесува несв.
(се) обесуваат
(се) обесуваат
2.
обесување ср.
глаг. им.
глаг. им.