hang - онтологија

беси повеќе

бесат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врзува, закачува нешто да виси.
Албански: var
Примери:
Овчарите бесат ѕвонци на овенот, предводник на стадото.
Одземе живот со бесење.
Албански: varet
Примери:
Затворениците ги бесеа веднаш по судењето.
(се беси) Си го одземе животот со бесење.
Албански: varet
Примери:
Зеде ортома, ќе се беси.
(се беси) Губи време, бесцелно се задржува некаде.
Албански: endet
Употреба: Преносно значење
Примери:
По цел ден се беси кај другарите.

виси повеќе

висат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стои закачен, обесен на нешто без потпора од долната страна.
Албански: var
Примери:
По чардаците висеа низалки со риби.
Лошо стои, лошо паѓа надолу, олабавен, отпуштен паѓа надолу.
Албански: var
Примери:
Ракавите на мантијата му висеа на попот како скршени крилја.
Стои, е наднесен над нешто.
Албански: qëndron
Примери:
Чардаците на куќите висеа над патот.
Плови над нешто без никаква потпора.
Албански: lundron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Црни облаци висеа над градот.
Стои, се задржува на некое место подолго време, обично без работа.
Албански: qëndron
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
На станицата висеа некакви сомнителни луѓе.
Е неизвесен, несигурен.
Албански: pasigurt
Примери:
Тоа прашање подолго време висеше во воздухот.

висне повеќе

Види и: виси (несв.)
виснат
Вид збор: Глагол, свршен
Се закачи, се обеси на нешто без да има потпора од долната страна.
Албански: var
Примери:
Таа висна онесвестена на неговиот врат.
Се олабави, се опушти, падне надолу.
Албански: liroj
Примери:
Под очите на чиновникот виснаа празни ќесички.
Стои над нешто без потпора.
Албански: qëndron
Примери:
Над градот виснаа црни облаци.

врзе повеќе

врзат
Вид збор: Глагол, свршен
3акачи, обеси нешто на нешто.
Албански: lidh, var
Примери:
Му врзаа камен околу гуша и го фрлија во езерото.

дене повеќе

денат
Вид збор: Глагол, несвршен
става, закачува
Албански: var
Примери:
Празните матарки ги денеше на закачалката на ѕидот.

закачи повеќе

закачат
Вид збор: Глагол, свршен
Обеси, прицврсти нешто да виси, да стои закачено.
Албански: var
Примери:
На ѕидот закачи две слики.
(се закачи) Се фати за некого или за нешто.
Албански: var
Примери:
Детето се закачи за фустанот од мајка си.
(се закачи) Се допре, се зафати, се набоде на нешто во движење.
Албански: var
Примери:
Рибата се закачи за јадицата.

запне повеќе

запнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, закачи нешто на друго нешто.
Албански: var
Примери:
Тој го запна ножот за појасот.

зачмае повеќе

Види и: чмае (несв.)
зачмаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чмае.
Албански: flej shumë
Примери:
Зачмаја на тоа работно место, не ни помисли да менува нешто.
Остане долго некаде.
Албански: mbahet gjatë
Примери:
Зачмаја во кафеаната цел ден.
(се зачмае) Се задржи долго некаде.
Албански: mbahet gjatë
Примери:
Се зачмаја во куќата и ги избегнуваше луѓето.

здене повеќе

зденат
Вид збор: Глагол, свршен
закачи, обеси
Албански: var
Примери:
Тие ги зденаа палтата на закачалката во претсобјето.

изобеси повеќе

изобесат
Вид збор: Глагол, свршен
Обеси сѐ што било за бесење.
Примери:
Ги изобеси низалките тутун да се сушат.

испобеси повеќе

Види и: беси (несв.)
испобесат
Вид збор: Глагол, свршен
Обеси повеќемина.
Примери:
Ги испобесија сите што ги фатија.

испообеси повеќе

Види и: обеси (св.)
испообесат
Вид збор: Глагол, свршен
Обеси во голем број (луѓе, предмети).
Примери:
Ги испообеси сите.

качи повеќе

качат
Вид збор: Глагол, несвршен
Закачи, беси нешто.
Албански: var
Примери:
На балконот качиме везени пиперки да се сушат.

нависне повеќе

нависнат
Вид збор: Глагол, свршен
Обвисне на, над нешто, висне - за множество.
Примери:
Нависнал на прозорецот.

надвисне повеќе

(се) надвиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Виси над нешто, се најде над нешто.
Албански: ngritet
Примери:
Над речниот брег (се) надвиснале стари врби.
Се наоѓа, е изграден сосема близу нешто, над нешто.
Албански: varet
Примери:
Карпите (се) надвиснале над патот.
Се закани, навести нешто непријатно, лошо.
Албански: kanoset
Употреба: Преносно значење
Примери:
Над нив (се) надвисна опасност од болест.

наднесе повеќе

наднесат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наднесе) Се издигне на некоја височина над нешто.
Албански: varem
Примери:
Облакот се наднесе над селото, плисна силен дожд.

накачи повеќе

накачат
Вид збор: Глагол, свршен
Закачи, набеси повеќе нешта.
Албански: var
Примери:
Накачил низи пиперки да се сушат.

наобеси повеќе

наобесат
Вид збор: Глагол, свршен
Обеси нешто (облека) во голем број.
Примери:
Ги наобеси алиштата да се сушат.

обвисне повеќе

(се) обвиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Се обеси држејќи се на нешто.
Албански: varet
Примери:
Таа му се обвисна на вратот.
Се олабави, висне надолу.
Албански: varet
Примери:
Образите уште повеќе и обвиснаа на измаченото лице.
Се наднесе, надвисне над нешто.
Албански: varet
Примери:
Над градот се обвиснаа темни облаци.

обеси повеќе

обесат
Вид збор: Глагол, свршен
Закачи, намести нешто да виси.
Албански: varret
Примери:
Тој ја обеси низата пиперки на ѕидот од балконот.
Лиши некого од живот со бесење, изврши смртна казна бесење.
Албански: var
Примери:
Некаде околу полноќ ги обесија двајцата партизани.
Спушти, наведне (глава).
Албански: var
Употреба: Преносно значење
Примери:
Момчето ја обеси главата нажалено.
(се обеси) Си го одзеде животот со бесење.
Албански: varret
Примери:
Тој се обесил на дабот зад куќата.
(се обеси) Се провисне на некого или на нешто.
Албански: var
Примери:
Таа ми се обеси на вратот.

повиси повеќе

Види и: виси (несв.)
повисат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане да виси некое време.
Примери:
Нека повиси уште малку.

подзакачи повеќе

подзакачат
Вид збор: Глагол, свршен
Закачи малку, само донекаде.
Примери:
Капината го подзакачи малку, го гребна по раката.

прикачи повеќе

прикачат
Вид збор: Глагол, свршен
Закачи, спои, сврзе еден предмет со друг на соодветен начин.
Албански: ngjes, var
Примери:
Железничарите прикачија уште еден вагон.
Обеси, процврсти нешто да виси, да стои закачено.
Албански: var
Примери:
Прикачи белешка на врата.
Качи малку или уште малку повисоко.
Албански: var, ngjes
Употреба: Ретко

пропушти повеќе

пропуштат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пропушти) Почне да виси, да се пробесува.
Примери:
Им се пропуштиле гушките како торби.

простре повеќе

прострат
Вид збор: Глагол, свршен
Обеси, рашири алишта за да се сушат.
Албански: var
Примери:
Ги простре алиштата на жиците во дворот да се сушат.

разобеси повеќе

Види и: обеси (св.)
разобесат
Вид збор: Глагол, свршен
Обеси поголем број предмети по разни места.
Албански: var
Примери:
Ќе ги разобеси сликите по ѕидовите.
Обеси поголем број луѓе.
Албански: ekzekutoj me varje
Примери:
Ги разобесија Турците.

разобесува повеќе

Види и: разобеси (св.)
разобесуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
разобеси

свисне повеќе

свиснат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) наклони надолу, (се) отпушти, (се) олабави, (се) опушти
Албански: varet, çliroj
Примери:
Свисне глава.

свиснува повеќе

Види и: свисне (св.)
свиснуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Наклонува надолу, олабавува.
Албански: varet, çlirohet

спушти повеќе

спуштат
Вид збор: Глагол, свршен
(се спушти) За коса - падне надолу, висне.
Албански: var
Примери:
Ѝ се спуштиле косите до раменици.