а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обземе

обземат; обземи, обземете; обзедов, обзеде, обзедоа; обзел; (ќе) обземев, (ќе) обземеа; (ќе) обземел; обземен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2511
1. Опфати нешто, некоја целина.
Англиски: seize Албански: kaplon
Примери:
Огнот ја обзеде куќата од сите страни.
2. За чувство, мисла - зафати, опфати, совлада.
Англиски: seize Албански: kaplon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мајката ја обзеде страв.
Го обзеде нервоза.
Ме обзеде радост.
Ги обзеде силен гнев.
Изведенки
1. обзема несв.
обземаат
2. обземање ср.
глаг. им.