облече
облечат, облечи, облечете, облеков, облекоа, облекол, облекле, (ќе) облечев, (ќе) облечеа, (ќе) облечел, облечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1230
1.
Стави облека на телото.
Примери:
Таа го облече новиот фустан.
Тој ја облече својата војничка униформа.
Мајката му облече џемпер на детето.
Спротивно од:
соблече (св.)
2.
Снабди некого со облека.
Примери:
Таа ја потроши целата плата за да го облече семејството.
Селаните ги облекле и ги нахраниле двајцата партизани.
3.
Обвие, покрие нешто како со облека.
Примери:
Дренот ја облече својата жолта облека.
Гората облече зелена облека.
4.
Даде некаква форма, облик на нешто.
Примери:
Инспирацијата доаѓа во одблесоци за да ги облече околностите.
Народните умотворби, запишани по сеќавање, тој ги облекувал во свое јазично руво.
5.
(се облече) Се покрие со облека, стави врз себеси облека.
Примери:
Тој се облече и излезе надвор.
Таа се облече во црна облека.
Спротивно од:
соголи (св.)
6.
(се облече) Се снабди со облека.
Примери:
Со тие пари сите дома се облековме.
Изведенки
1.
облечува несв.
(се) облечуваат
(се) облечуваат
2.
облекува несв.
(се) облекуваат
(се) облекуваат
3.
облечување ср.
глаг. им.
глаг. им.
4.
облекување ср.
глаг. им.
глаг. им.