објасни
објаснат; објаснам; објаснил; објаснет; (ќе) објаснеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 592
1.
Протолкува, разјасни нешто.
Англиски:
interpret
Попот се обиде да ни објасни дека душата на умрениот ќе оди во рајот.
Ќе ви објаснам како треба да се ракува со апаратот.
Слично со:
протолкува (св.)
2.
Направи нешто да стане јасно, разбирливо.
Примери:
Тој им ја објасни на луѓето целата работа.
Директорот им ја објасни тешката ситуација на вработените.
Слично со:
разјасни (св.)
3.
Разоткрие, установи причина, смисла на нешто.
Примери:
Не можам да си објаснам што се случи со мене.
Не знаеше како да ја објасни нејзината постапка.
Науката уште не може да ја објасни таа природна појава.
Слично со:
разоткрие (св.)
4.
(се објасни) Се разјасни, се расправи со некого, расчисти некои недоразбирања.
Примери:
Оставете ги децата, тие самите меѓусебе ќе се објаснат.
Тој ме избегнува и не сака да се објасни со мене.
Изведенки
објаснува несв.
(се) објаснуваат
(се) објаснуваат