explain - онтологија

дообјасни повеќе

Види и: објасни (св.)
дообјаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Објасни тоа што останало нејасно, објасни до крај.
Албански: sqaroj
Примери:
Изгуби желба да ја дообјасни својата мисла.
(се дообјасни) Се изјасни, се искаже до крај.
Албански: sqaroj
Примери:
Чекаше овој да се дообјасни.

излага повеќе

излагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
изложи, образложи
Албански: shpjegon
Примери:
Денес ги излагаат своите ставови претставниците на нашата земја.

изложи повеќе

изложат
Вид збор: Глагол, свршен
Се искаже, изнесе, објасни.
Албански: sqaroj, shpjegoj
Примери:
Комисијата го изложи својот предлог пред директорот.

каже повеќе

кажат
Вид збор: Глагол, свршен
Објасни, даде претстава за нешто.
Албански: spjegon
Примери:
Туку кажи ми ти мене и протолкувај ми, ако можеш, што се прави тоа со мостот.

објасни повеќе

објаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане јасно, разбирливо.
Албански: spjegoj
Примери:
Тој им ја објасни на луѓето целата работа.

образложи повеќе

образложат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрепи со аргументи, факти, објаcни нешто.
Примери:
Тој го образложи планот за работа.

покаже повеќе

покажат
Вид збор: Глагол, свршен
Објасни, посведочи, потврди нешто.
Албански: shpjegon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Анализата покажа дека дијагнозата е точна.

пообјасни повеќе

пообјаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Објасни донекаде нешто.
Албански: sqaroj
Примери:
Тој му пообјасни каде треба да го бара решението.

пообразложи повеќе

Види и: образложи (св.)
пообразложат
Вид збор: Глагол, свршен
Образложи во некоја мера.

протолкува повеќе

Види и: толкува (несв.)
протолкуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Објасни или сфати, интерпретира нешто.
Албански: spjegoj
Примери:
Постапката ја протолкуваат како хуман гест.

разјасни повеќе

разјаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане јасно, поимливо, разбирливо, осветли, објасни.
Албански: sqaroj, spjegoj
Примери:
Не можеше ни сам да си разјасни како стана тоа.
(се разјасни) Стане јасен, се разбистри.
Албански: qartësohet
Примери:
Дури тогаш малку се разјасни состојбата.

разложи повеќе

разложат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнесе разлози, растолкува.
Албански: shpjegim
Примери:
Не му дадоа да разложи што мисли со тоа.

расправи повеќе

расправат
Вид збор: Глагол, свршен
Со зборови, усно изложи, раскаже.
Албански: rrëfej, shpjegoj
Примери:
И детето му расправи збор по збор.

растолкува повеќе

растолкуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Разјасни нешто.
Примери:
Ќе дојдам да ми го растолкуваш писмото.