оган
мн. огнови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 371
1.
Запалена материја (дрва, јаглен) која горејќи развива топлина, светлина и чад.
Примери:
Тој запали оган.
Седнаа покрај огнот.
Огнот брзо пламна.
Огнот од цигарата му ги изгори прстите.
2.
пожар
Примери:
Силен оган беснееше во шумата.
Огнот ја зафати и нашата куќа.
Слично со:
пожар (м.)
3.
Предмет, средство за запалување (жар, запалка).
Примери:
Немаше оган да ја запали цигарата.
Лулето му згасна и тој побара оган да го запали.
Слично со:
запалка (ж.)
4.
(само едн.) Пукање од огнено оружје.
Примери:
артилериски оган
митралески оган
Војниците отворија оган.
Слично со:
стрелба (ж.)
5.
(само едн.) Висока телесна температура, бунило.
Примери:
Телото му гореше во оган.
Детето беше во оган и бладаше.
Огнот му спадна ноќеска.
Слично со:
треска (ж.)
6.
пламен
Англиски:
flame
Албански:
zjarr, flakë
Змејот од устата фрлаше оган.
Одвај го забележа огнот од запаленото чкорче од кибрит.
Слично со:
пламен (м.)
7.
Блесок, сјај во очите.
Примери:
Очите му молснаа со силен оган.
Згасна огнот во нејзините очи.
Слично со:
блесок (м.)
8.
(само едн.) Силно чувство, страст, жар.
Примери:
Во градите му се накреваше оган.
Во срцето ми гори оган.
Зборуваше запален од некој внатрешен оган.
Ги разгоруваат огновите на национализмот.
Слично со:
страст (ж.)
Изрази
Ставам две раце во оган - сосема сум сигурен.
Се фрла в оган за некого - се изложува на непријатност, опасност.
Тура масло на оган - влошува и онака лоша ситуација, од лошо прави уште полошо.
Си игра со оган - прави нешто опасно, ризично.
Се наоѓа меѓу два огна - се наоѓа во тешка, непријатна положба или ситуација кога мора да избере меѓу две зла.
Вади костење од оган за друг - се изложува на опасност заради некого, врши тешка работа за некој друг.
Оган е - многу е скапо нешто.
Оган и пламен е - за вреден, темпераментен, страстен човек.
Фестивалски оган, олимписки оган - оган со чиешто палење се означува почетокот на некоја манифестација (културна, спортска и сл.), кој гори за сето време на нејзиното одржување и се гасне со нејзиното завршување.
Оган да те (го...) изгори! - клетва.
Бега како од оган - се плаши од некого или од нешто.
Изведенки
1.
оганче ср.
мн. оганчиња
дем. и хип.
мн. оганчиња
дем. и хип.
2.
огне ср.
мн. огниња
дем.
мн. огниња
дем.