а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

огрозд

мн. огрозди
Вид збор: Именка, машки род
1. Грмушка со долги, прави и трнливи гранки во вид на ластари, со мали, темнозелени, назабени листови и мали, топчести или овални жолто - зеленикави плодови со сочно, проѕирно месо и киселкав вкус;
Латински: Ribes grossularia Англиски: gooseberry Албански: lloj kaçubë, stafidhe
Употреба: Ботаника
Примери:
Огроздот цути во текот на април до јуни, во зависност од височинската положба.
2. Плод од огрозд.
Англиски: gooseberry Албански: stafidhe
Употреба: Гастрономија
Примери:
Кошницата ја наполнив со рибизли и огрозди.