бегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Без знаење на родителите се мажи, оди по момче без дозвола од родителите.
Примери:
По Илија да бегаш, а?
добегаат
Вид збор: Глагол, свршен
Бегајќи од некаква опасност, стигне некаде или кај некого.
Примери:
Требало веќе да тргнат за да добегаат конечно до стреата на привремените прибежишта.
Престане да бега.
Примери:
Сите се разбегале само тој уште не добегал.
драпнат
Вид збор: Глагол, свршен
избега
Примери:
Крадецот ја драпна во ноќта.
драснат
Вид збор: Глагол, свршен
избега
Примери:
Чекаат погоден миг да ја драснат за дома.
Вид збор: Глагол, свршен
(Ми, ти, му... избега) Успее да побегне некому.
Примери:
Му избега и се скри некаде.
искубат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искубе) Се извлече, незабележано излезе, избега.
Примери:
И овој пат успеав да се искубам од рацете на непријателот.
истргаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истрга) Избега од нешто.
Примери:
Се истргав од неговата стапица.
истргнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истргне) се оттргне, се откине
Албански:
largohem, lirohem
Примери:
Се истргна од нејзините канџи.
исчепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исчепи) Се извлече, избега, се ослободи од некаде или од некого.
Примери:
Едвај се исчепив од оние двајца.
(се) маглосаат
Вид збор: Глагол, свршен
избега
Примери:
Додека да се свртиш, крадецот се маглоса.
одбегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Избега, побегне од некого или од нешто.
Албански:
ikë, largohem, arratisem
Примери:
Јас одбегнав од дома.
отскубнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отскубне) Се одвои, се оддели, се оддалечи.
Примери:
Едвај се отскубна за да се скрие во својата куќа.
побегнат
Вид збор: Глагол, свршен
избега
Примери:
Ништо не може да ми побегне.
праштат
Вид збор: Глагол, свршен
(обично со заменската форма ја) избега, исчезне
Примери:
Уште рано наутро ја спрашти.
пребегаат
Вид збор: Глагол, свршен
Побегне од едно место на друго или од една страна на друга.
Примери:
Тој пребега во странство.
Вид збор: Глагол, свршен
пребега
Примери:
Пребегна кај непријателот.
пуштат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пушти) Се одврзе или се ослободи.
Примери:
Тој го пушти кучето од неговата куќичка.
утечат
Вид збор: Глагол, свршен
побегне
Примери:
И боздоган му утече /и не погоди Турчина.
(се) фуќнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се извлекува, побегнува скришум.
Примери:
Се фуќна надвор.