одбегне
одбегнат; одбегни, одбегнете; одбегнав, одбегнаа; одбегнал; одбегнат; (ќе) одбегнев, (ќе) одбегнеа; (ќе) одбегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7162
1.
Избега, побегне од некого или од нешто.
Англиски:
escape
Албански:
ikë, largohem, arratisem
Јас одбегнав од дома.
Тие одбегнаа во планината.
Тој не успеа да одбегне од судбината.
Слично со:
избегне (св.)
2.
Избегне да направи нешто, не направи нешто.
Примери:
Тој одбегна да одговори на прашањето.
Таа одбегна да разговара за делба на имотот.
3.
Избегне средба со некого, не сака да види некого.
Примери:
Се плашеше од неа и настојуваше да ја одбегне.
Таа го одбегна неговиот поглед.
Ме одбегнаа сосема и ме заборавија.
4.
Избегне нешто, се тргне, се заштити од нешто.
Англиски:
avoid
Албански:
shmangem, largohem
Одвај ја одбегнавме силната бура.
Тој го одбегна ударот на секирата.
Изведенки
1.
одбегнува несв.
одбегнуваат
одбегнуваат
2.
одбегнување ср.
глаг. им.
глаг. им.