одбрани
одбранат; одбрани, одбранете; одбранив, одбранија; одбранил; одбранев, одбранеа; одбранел; одбранет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4032
1.
Заштити некого или нешто од опасност, од напад.
Примери:
Нашата чета го одбрани селото од грабеж и палење.
Дедото го одбрани детето од разбеснетото куче.
Овчарскиот пес го одбрани стадото овци од нападите на волкот.
Слично со:
заштити (св.)
2.
Пружи правна заштита некому во текот на судска постапка.
Примери:
Адвокатот го одбрани обвинетиот од обвинението.
3.
За магистерски, докторски труд - докаже оправданост, образложи определени поставки, принципи.
Примери:
Таа ја ододбрани својата магистерска теза пред една година.
Тој ја одбрани докторската дисертација во Белград.
4.
Зачува прво место, титула од претходниот период.
Примери:
Фудбалерите на Вардар ја одбранија шампионската титула.
Слично со:
зачува (св.)
5.
(се одбрани) Се заштити од опасност, напад, обвинение и сл.
Примери:
Ловецот сам се одбрани од нападот на мечката.
Селаните се одбранија од нападот на арамиите.
Детето се одбрани од обвинението дека го искршило прозорецот.
Изведенки
1.
одбранува несв.
(се) одбрануваат
(се) одбрануваат
2.
одбранување ср.
глаг. им.
глаг. им.