вртат
Вид збор: Глагол, несвршен
Непотребно задржува, вртка некого.
Примери:
Немој да ме вртиш, имам работа.
залажат
Вид збор: Глагол, свршен
Му го одвлече непожелното внимание на некого од едно нешто, свртувајќи му го на друго нешто, во друг правец.
Примери:
Десетината го залажа непријателот за да излезе бригадата од обрачот.
За дете - забави, заигра.
Примери:
Таа го залажа детето со бонбони.
Вид збор: Глагол, свршен
Задржи некого со муабет, одврати нечие внимание од нешто друго.
Примери:
Таа ме замуабети, па затоа не дојдов навреме.
заприкажат
Вид збор: Глагол, свршен
Со разговор одврати внимание некому од нешто.
Примери:
Таа го заприкажа стражарот, додека другите не влегоа внатре.
изматкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Завртка некого, одземе, потроши некому време бесполезно.
Примери:
Комшивката ме изматка, не си ја завршив работата.
лажат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се лаже) Cе занимава, се забавува.
Албански:
mashtroj, argëtoj
Примери:
Детето се лажеше со играчката и не заплака воопшто.
одвлечат
Вид збор: Глагол, свршен
За мисла, внимание, поглед - оттргне, одврати од нешто.
Примери:
Таа ми го одвлече вниманието од работата.
одвратат
Вид збор: Глагол, свршен
Одвои, оддалечи од некого или од нешто.
Примери:
Тој ме одврати од децата.
расеат
Вид збор: Глагол, свршен
Одвлече некому внимание.
Примери:
Не зборувај му, ќе го расееш и ќе згреши.
(се расее) Си го одвлече вниманието.
Албански:
shkëputem, heq vemendjen
Примери:
Се прошетавме и се расеавме.