одговори
одговорат; одговорам; одговорил; одговорајќи
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 524
1.
Даде одговор на поставено (усно или писмено) прашање.
Примери:
Ученикот одговори точно на сите прашања.
Таа ништо не одговори.
Старецот одговори со тажен глас.
2.
Испрати писмо во одговор на примено писмо.
Англиски:
respond
Албански:
përgjigjet
Таа не му одговори на последното писмо.
3.
Се одзве на барање, молба, повик и сл.
Англиски:
return
Албански:
përgjigjet
Тој одговори на сите телефонски повици.
Никој не одговори на неговите молби и барања.
Слично со:
одзве (св.)
4.
Објави текcт во весник, списание и сл. како одговор на објавен текст од некого.
Албански:
raporton
Новинарот веднаш ми одговори во истиот весник.
5.
Постапи на некој начин како одговор, реакција на нешто (на нечија постапка).
Англиски:
return
Албански:
përgjigjet
На љубовта му одговорив со љубов.
Затропа на вратата, но никој не му одговори.
Таа не одговори на неговото развикување.
Таа ми одговори со нишкање на главата.
Тој му одговори на својот другар со свиреж.
Партизаните не одговорија на огнот.
6.
Исполни, изврши примена должност, обврска, задача.
Англиски:
suit
Албански:
përgjigjet
Тој не беше подготвен да одговори на таква задача.
Таа не одговори на своите обврски.
Изведенки
одговорува несв.
одговоруваат
одговоруваат