оддели
одделат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3744
1.
Издели нешто настрана од нешто друго или дел од целина.
Примери:
Му оддели една чинија од ручекот да касне кога ќе се врати.
2.
раздели
Примери:
Сопствениците одвај ги одделија двете кучиња.
Кога ги одделија децата од родителите, некои од децата почнаа да плачат.
Слично со:
раздели (св.)
3.
За син, ќерка - направи да стане посебно домаќинство.
Примери:
Тој веднаш по свадбата го оддели синот.
4.
(се оддели) Се издели од нешто.
Примери:
Тој се дружеше со нас, но во последно време се оддели.
Слично со:
издели (св.)
5.
(се оддели) Направи посебно домаќинство.
Англиски:
separate
Албански:
posaçërisht
Најпрвин беа во заедница, но набрзо се одделија и двајцата браќа од родителите.
Изведенки
1.
одделува несв.
(се) одделуваат
(се) одделуваат
2.
одделување ср.
глаг. им.
глаг. им.