одеднаш
Вид збор: Прилог
Ранг: 622
1.
Што се прави без најава, неочекувано, со еден потег.
Англиски:
suddenly
Тој одеднаш почна да плаче.
Одеднаш коњите застанаа.
Одеднаш силен тресок ја наруши тишината.
Со тоа дело одеднаш доживеа голема слава.
2.
истовремено
Англиски:
simultaneously
Одеднаш се додаваат сите состојки и сѐ се меша.
Слично со:
истовремено (прил.)