а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одење

мн. одења
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1695
1. (глаг. им.) оди
Англиски: walking Албански: ecje
Примери:
По два часа одење излегоа од шумата.
Дотаму има уште многу одење.
2. заминување, тргнување
Англиски: leaving Албански: shkuarje
Примери:
Hа одење се поздрави со сите.
Беше време за одење.
3. Начин на чекорење, од.
Англиски: walk Албански: ecje
Примери:
Го препознаваше по одењето уште од далеку.
Одење по двајца.