а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одлежи

одлежат; одлежи, одлежете; одлежав, одлежа, одлежаа; одлежал; одлежан; (ќе) одлежев, (ќе) одлежеа; (ќе) одлежел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15105
1. Лежи определено време болен.
Англиски: rest Албански: prehem, shtrihem
Примери:
Одлежа една седмица од грипот.
Таа зима таа ја одлежа во болница.
2. За затворска казна - помине некое време во затвор.
Англиски: spend in jail Албански: qëndroj në burg
Употреба: Правда
Примери:
Ја одлежа затворската казна и се врати дома.
За престапот тој одлежа две години затвор.
3. За алкохол (вино, ракија) - мирува определено време поради добивање специфичен вкус, арома и сл.
Англиски: mature Албански: bëhem, piqem
Употреба: Гастрономија
Примери:
Виното имаше необично убав вкус зашто одлежа неколку години.
Изведенки
1. одлежува несв.
одлежуваат
2. одлежување ср.
глаг. им.