Вид збор: Глагол, свршен
Достигне полн физички, психички развој, полна зрелост.
Примери:
Тој дозреа и стана свесен за некои животни компромиси.
доспеат
Вид збор: Глагол, свршен
созрее
Примери:
Сливите веќе доспеале.
Стигне рок за наплата.
Примери:
Кога ќе доспее рокот за наплата, доверителот има право да бара наплата на долгот.
достасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Порасне, постигне зрелост.
Примери:
Си мажил една - достасала другата.
Вид збор: Глагол, свршен
За човек, мисла - стане подобар, посовесен, поумен.
Примери:
Со годините и тој зазреа.
зреат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - достигнува целосен умствен и физички развиток.
Примери:
Од твоето однесување гледам дека уште треба да зрееш.
За мисла, план - се дооформува.
Албански:
piqet, formohet
Примери:
Во потсвеста му зрееше желбата да се врати во родната земја.
назреат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане неодложно.
Примери:
Веќе е назреана потребата за изградба на уште едно училиште.
Вид збор: Глагол, свршен
За алкохол (вино, ракија) - мирува определено време поради добивање специфичен вкус, арома и сл.
Примери:
Виното имаше необично убав вкус зашто одлежа неколку години.
Вид збор: Глагол, свршен
Се развие донекаде или во целиот свој раст.
Примери:
Децата понараснаа и си заминаа од селото.
Вид збор: Глагол, свршен
настаса, созрее, порасне
Примери:
Децата му понастасаа за женачка.
Вид збор: Глагол, свршен
Влезе во малку позрели години.
Примери:
Токму сега, кога прекршија годините, тој работеше редовно.
пораснат
Вид збор: Глагол, свршен
Достигне зрелост; стане голем на врст.
Примери:
Taа уште не беше сакала никого, а веќе беше порасната.
Вид збор: Глагол, свршен
За ракија, вино - се остави да отстои поради подобрување на квалитетот.
Албански:
qëndron për të arrirë, vjen
Употреба:
Гастрономија
Примери:
Ја остави ракијата да прележи.
развијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се развие) израсне, узрее, закрепне
Албански:
rritem, zhvillohem
Примери:
Момата брзо се разви.
(се развие) Узрее духовно, умствено.
Албански:
rritem, zhvillohem
Примери:
Условите под кои се разви тој беа мошне поволни.
Вид збор: Глагол, несвршен
Созрее, достигне зрелост.
Примери:
Денес девојчињата рано раснат.
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - достигне физичка или духовна зрелост.
Примери:
Созреа веќе и син ти.
узреат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - достигне физичка или духовна зрелост.
Примери:
Ти уште не си узреал за раководител.