а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одобри

одобрат; одобрил; одобрен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5654
1. Се согласи со нешто.
Англиски: agree Албански: miratoj, aprovoj, pranoj
Примери:
Сите присутни го одобрија предлогот.
2. Даде дозвола, одобрение.
Англиски: approve Албански: lejoj
Примери:
Задолжувања кои не биле одобрени од страна на владата.
Му одобрија рушење на старата и градба на нова куќа.
Управата му одобри службено патување.
3. Потврди нешто што е претходно направено.
Англиски: confirm Албански: konfirmoj, vërtetoj
Примери:
Министерството го одобри изборот за директор.
4. Задоволи некакво барање.
Англиски: grant Албански: aprovoj, pranoj
Примери:
Банката ми одобри кредит.
Изведенки
1. одобрува несв.
одобруваат
2. одобрување ср.
глаг. им.