одоздола
Вид збор: Прилог
Ранг: 4745
1.
Од долната страна, под нешто.
Англиски:
below
Лебот се препекол одоздола.
Пижамите ти се одоздола во торбата.
Спротивно од:
одозгора (прил.)
2.
Од место што е долу, од пониско место во одноc на нешто друго или на околината.
Англиски:
from below
Одгоздола се зададоа кучиња.
Одоздола некое дете викаше по мајка си од горните катови.
3.
Од југ, од места, области што се на југ.
Англиски:
from south
Во такви времеиња цели села доаѓаа одоздола и се населуваа овде на север.