а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одозгора

Вид збор: Прилог
Ранг: 3483
1. Од горната страна, на површината на нешто.
Англиски: from above Албански: nga sipër
Примери:
Колачот се прелива одозгора со растопено чоколадо.
2. Од место што е издигнато, од повисоко место во одноc на нешто друго или на околината.
Англиски: from above Албански: nga lartë, prej së larti
Примери:
Таа ѕиркаше од прозорецот одозгора.
Одозгора по патот се појавија двајца.
3. Од повисоката власт, од партискиот врв и сл.
Англиски: from above Албански: nga lart
Употреба: Преносно значење
Примери:
Така е наредено одозгора.
4. Од север, од места, области што се на север.
Англиски: from the north Албански: nga veriu
Примери:
Кога се расипува времето, секогаш доаѓа одозгора, па потоа кај нас на југ.
5. За количество - покрај тоа уште.
Англиски: on top Албански: mbi
Примери:
Знаеше дека е виновен, а одозгора уште и вика.