одржи
одржат, одржете, одржав, одржа, одржаа; одржал, одржан, одржев, одржеа, одржел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1423
1.
Зачува, сочува нешто во иста состојба.
Примери:
Го одржа имотот и покрај лошите времиња.
2.
Спроведе, изврши, организира состанок, седница, заседание итн.
Примери:
Одржа предавање.
3.
Остане доследен на даден збор, исполни ветување.
Примери:
Таа дојде, го одржа зборот.
Слично со:
исполни (св.)
4.
(се одржи) Се зачува, се сочува во иста состојба.
Слично со:
сочува (св.)
5.
(се одржи) Се спроведе, се изврши нешто.
Примери:
Собирот се одржа во амфитеатарот.
6.
(се одржи) Достои во нешто, се дочува.
Примери:
Пријателството се одржа и покрај влијанијата отстрана.
Слично со:
дочува (св.)
Изрази
Одржи час / предавање - настапи како предавач пред слушатели.
Изведенки
одржува несв.
(се) одржуваат
(се) одржуваат