околу
Вид збор: Предлог
Ранг: 918
1.
Со пространствено значење - опкружување, заобиколување на некого или нешто.
Англиски:
around
Децата испоседнаа околу учителот.
Околу куќата ќе насадам жива ограда.
2.
Приближна временска определба.
Англиски:
about
Штрајкувачите се разотидоа околу пладне.
Почна силно да дува околу полноќ.
3.
количинска приближност
Англиски:
around
Годинава треба да наберам околу три тони јаболка.
Тежи околу сто килограми.
4.
со причинско значење
Англиски:
about
Се разви жива дискусија околу човековите права.
Браќата се скарале околу поделбата на имотот.