окубе
окубат; окуби, окубете; окубав, окубаа; окубал; окубан; (ќе) окубев, (ќе) окубеа; (ќе) окубел
Вид збор: Глагол, свршен
1.
За пердув, влакно - истргне, отстрани од корен.
Примери:
Домаќинката ја окуба кокошката и ја стави да се вари.
Слично со:
искубе (св.)
2.
Материјално искористи, ограби некого преку превисока цена при продажба, наплата на услуги и сл.
Примери:
Купија куќа, ама ги окубаа, не вреди толку.
3.
Земе, измами некого за пари.
Примери:
Го окубаа на коска.
Изведенки
1.
окубува несв.
окубуваат
окубуваат
2.
окубување ср.
глаг. им.
глаг. им.