опаку
Вид збор: Прилог
Ранг: 27699
1.
Откај опачината, превртено.
Англиски:
reverse
Писмото беше превртено опаку.
Слично со:
наопаку (прил.)
2.
Од задната страна, одназад.
Англиски:
backwards
Краевите од марамата ѝ беа префрлени опаку.
3.
На обратната страна, наназад.
Англиски:
opposite
Колцето наместо напред, се вртеше опаку.
Слично со:
обратно (прил.)