опачина
(едн.) опачината
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7308
1.
Страна на нешто (ткаенина, лист) што не се гледа.
Англиски:
reverse
Албански:
anë e pasme
Ја испитуваше црвеникавата опачина на ќерамидите.
Нервите на опачината од листот се покриени со куси влакненца.
Тој не можеше да види кој е на сликата, зашто му беше свртена со опачината.
Спротивно од:
лице (ср.)
2.
Скриена, непозната, непријатна страна.
Примери:
Во градот ја откри опачината на животот.
Зад превезот на тие приказни се крие грда, морничава опачина.
Изрази
Лице и опачина - добра и лоша страна, доблеcти и недостатоци.