опие
опијат; опиј, опијте; опие, опија; опил; опиев, опиеја; опиел: опиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10250
1.
Доведе некого во пијана состојба со алкохолна пијачка.
Англиски:
make drunk
Албански:
deh
Постојано му ја полнеше чашата, како да сака да го опие.
2.
За алкохолна пијачка - содржи состојки што предизвикуваат пијана состојба.
Англиски:
make drunk
Албански:
deh
Старото вино брзо го опи.
3.
Плени со своите особини.
Примери:
Ех, толку ме имаше опиено учителот.
Ме опи свежината на есенското утро.
4.
Успие со наркоза.
Слично со:
наркотизира (св. и несв.)
5.
(се опие) Се доведе во пијана состојба со консумирање алкохолна пијачка.
Примери:
Пред него стои шише ракија, го донесе да се опие.
Вистина сношти се опи до бесвест.
6.
(се опие) Се занесе, се замае.
Примери:
Долго ја гледаше, се опи од нејзината убавина.
Изведенки
1.
опива несв.
(се) опиваат
(се) опиваат
2.
опивање ср.
глаг. им.
глаг. им.