а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опише

опишат; опиши, опишам, опишете; опишав, опишаа; опишал; опишан; (ќе) опишев, (ќе) опишеа; (ќе) опишел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1958
1. Даде опис, претстави, прикаже некого или нешто со опис.
Англиски: describe Албански: përshkruaj
Примери:
Тој до подробности го опиша целиот настан.
Не може да се опише со зборови.
2. Даде, изложи систематски карактеристични особини, црти на нешто за научна цел.
Англиски: characterize Албански: përshkruaj
Примери:
Авторот ги опишал носиите од тој крај.
3. Нацрта, повлече некаква линија или фигура.
Англиски: draw Албански: vizatoj, tërheq
Примери:
Таа опиша пред себе полукруг со десната рака.
Планетата ја опиша својата елипса околу Сонцето.
4. Нацрта некаква геометриска слика околу друга.
Англиски: draw Албански: vizatoj
Употреба: Математика
Примери:
Опише круг.
Изведенки
1. опишува несв.
опишуваат
2. опишување ср.
глаг. им.