повлече
повлечат, повлечам; повлечи, повлечете; повлеков, повлекоа; повлекол, повлекла, повлекле; повлечев; повлечеа; повлечел; повлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 803
1.
Почне да влече.
Примери:
Ранетиот го фатија и го повлекоа по тревата.
Коњот одвај ја повлече колата.
Локомотивата се огласи и ги повлече вагоните.
Слично со:
влече (несв.)
2.
Тргне, потргне некого или нешто.
Примери:
Го фати за рака и го повлече.
Ја повлече завесата.
Го повлече чкрапецот на пушката.
Слично со:
потргне (св.)
3.
Забере некого, одведе настрана со себе; привлече кон себе.
Примери:
Го повлече надвор да поразговараат.
Нечии раце го повлекоа.
Мајката го повлече и го гушна детето.
Слично со:
привлече (св.)
4.
Поведе по себе, привлече некого.
Англиски:
involve
Албански:
mori me vete
Сега со себе ќе повлече и други.
Ќе не повлечат и нас да влеземе во расправија.
Слично со:
вовлече (св.)
5.
Стане причина за нешто, за нечија постапка.
Примери:
Љубопитноста го повлече да погледне.
Нешто го повлече да им се придружи.
Една грешка ќе повлече и друга.
Слично со:
причини (св.)
6.
Однесе, завлече со себе.
Примери:
Толпата ги повлече и нив.
Поројот ја повлече сета нечистотија.
Водата не можеше да ги повлече тешките трупци.
Слично со:
однесе (св.)
7.
Врати назад, отстапи.
Примери:
По нападот командантот го повлече одредот.
Слично со:
отстапи (св.)
9.
Обележи, означи, разграничи; направи линија.
Примери:
Повлече бразда.
Повлече граница.
Повлече црта.
Слично со:
разграничи (св.)
10.
Откаже, објави за неточно, поништи важност на нешто (искажан збор, наредба, закон, предлог, кандидатура).
Примери:
Се повлече од нејзиниот дел од наследството во корист на брат ѝ.
Слично со:
демантира (св. и несв.)
11.
(се повлече) Се помести наназад.
Примери:
Тој се повлече со рацете готови за одбрана.
Слично со:
помести (св.)
12.
(се повлече) Отстапи, се врати, прекине напредување.
Примери:
Непријателот ноќта се повлекол.
Главнината на војската се повлече кон полето.
Слично со:
отстапи (св.)
13.
(се повлече) Престане да се шири, да се развива.
Примери:
Водата се повлече во своето корито.
Болеста малку се повлече.
Слично со:
намали (св.)
14.
(се повлече) Се прибере во определен простор, објект.
Примери:
Војската се повлече во касарната.
Мажите се повлекоа да пушат.
Селаните се повлекоа по куќите.
Слично со:
прибере (св.)
15.
(се повлече) Се откаже од својот став, тврдење, барање и сл.
Примери:
Кога виде дека нема право, се повлече.
Слично со:
откаже (св.)
16.
(се повлече) Се осами, се затвори во себе; престане да општи; да се дружи.
Примери:
По смртта на синот, се повлече и ретко можеше да ги видиш.
По неуспехот на изборите, се повлече од политиката.
Слично со:
осами (св.)
17.
(се повлече) Отстапи место на друг, се откаже од функција.
Англиски:
retire
Ќе се повлечам од политиката ако народот не одлучи поинаку и ако ми дозволува здравјето.
Изрази
Повлече нога - прв почне да прави нешто што се покажало добро и се презема од другите.
Изведенки
1.
повлекува несв.
(се) повлекуваат
(се) повлекуваат
2.
повлекување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
повлечување ср.
глаг. им.
глаг. им.