опре
опрат; опри, опрете; опрев, опреа; опрел; опрен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12152
1.
Потпре, облегне на некого или на нешто.
Англиски:
support
Албански:
mbështetem
Тој си ја опре главата на рацете.
Го опре товарот на оградата.
Слично со:
потпре (св.)
2.
(се опре) Се потпре, се облегне на некого или на нешто.
Англиски:
lean
Албански:
mbështetem
Таа се опре до вратата.
Опри се на мене дури да земеш сила.
3.
(се опре) Се поткрепи, се подржи, се помогне од некого.
Примери:
Најпосле се најде човек на кого може да се опре.
Само опрете се на мене и бидете без грижа.
4.
(се опре) се спротивстави
Англиски:
oppose
Албански:
kundërvihet
Ако го гледаш слабо, никој не може да му се опре.