алиментираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Потпомага или снабдува со храна.
докрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Додржи, потпре до крај.
Примери:
Гредите го докрепија таванот.
држат
Вид збор: Глагол, несвршен
Потпира, крепи некого или нешто.
Примери:
Мостот го држеа десетина столбови.
Поткрепува, поддржува некого.
Примери:
Некој моќник го држи на раководното место.
(се држи) Се потпира на нешто.
Примери:
Малите јагниња одвај се држеа на нозете.
заговараат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се зазема, се застапува за нешто.
Примери:
Тие заговараат војна.
задржат
Вид збор: Глагол, свршен
Придржи, додржи, потпре некого или нешто.
Примери:
Таа со едната рака го задржа лустерот.
закрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Придржи, за извесно време, некого или нешто да не падне.
Примери:
При излегување од колата возачот го закрепи старецот.
(се закрепи) Се придржи да не падне.
Примери:
Стариот се закрепи со бастунот да не падне.
Вид збор: Глагол, несвршен
Му дава, му обезбедува некому средства за живот.
Примери:
Селаните го издржуваа попот.
(се издржува) Сам се издржува, си обезбедува средства за живот, за задоволување на животните потреби.
крепат
Вид збор: Глагол, несвршен
потпира, придржува
Примери:
Го дигнаа и го крепеа болниот во собата.
поддржува, штити
Примери:
Роднините го крепат во животот.
(се крепи) Се потпира на нешто за да стои.
Примери:
Старецот се крепи cо стапче.
(се крепи) Се поддржуваат еден со друг.
Примери:
Се крепиме еден со друг.
навалат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпре на нешто.
Примери:
Ја навали главата на фотелјата.
навиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
На натпревар (обично спортски) - со викање, со ракоплескање поддржува, поттикнува, охрабрува некого.
Албански:
brohoras
Употреба:
Спорт
Примери:
Ќе навивам за подобрата екипа.
наслонат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наслони) се потпре
Примери:
Се наслони со сета снага.
носат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи, поднесува товар.
Примери:
Столбовите ја носат целата конструкција.
облегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, постави нешто така што да добие стабилност, сигурност; навали нешто на друго нешто.
Албански:
shtrij, mbështes
Примери:
Го облегна грбот на дрвото.
Вид збор: Глагол, несвршен
опрат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпре, облегне на некого или на нешто.
Примери:
Тој си ја опре главата на рацете.
поддржаа
Вид збор: Глагол, свршен
Даде поддршка.
Албански:
përkrah, mbështes
Примери:
Родителите ја поддржаа идејата на професорот за дополнителна настава.
(се поддржа) Заемно си даде поддршка.
Примери:
Тие се поддржаа во своите идни планови.
Вид збор: Глагол, свршен
Закрепи, потпре малку.
Албански:
mbaj, ndihmoj, përkrah
Примери:
Го подзакрепи стариот да се качи по скалите.
(се подзакрепи) Се задржи, се придржи малку.
Албански:
mbahem, mbështetem
Примери:
Едвај се подзакрепи на оградата да не падне.
помогнат
Вид збор: Глагол, свршен
Материјално поткрепи.
Примери:
Жителите ќе ја помогнат електрификацијата на нивните населби со работа.
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрепи малку, до определен степен.
Примери:
Оградата ја попоткрепи со една талпа.
Вид збор: Глагол, свршен
Се потпира малку, донекаде.
Вид збор: Глагол, свршен
Се потпре малку, донекаде.
поткрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде поткрепа, поддршка некому.
Примери:
Таа го погледна молбено, барајќи да ја поткрепи во расправијата.
потпомогнат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому финансиска или друг вид помош.
Албански:
ndihmoj, përkrah, mbështet
Примери:
Прославата ја потпомогнаа повеќе приватни фирми.
(се потпомогне) Заемно, еден со друг помогне малку.
Албански:
mbështet, përkrah
Примери:
Ние треба да се потпомогнеме.
потпрат
Вид збор: Глагол, свршен
Опре, облегне на нешто или на некого.
Примери:
Грбот го потпре на ѕидот, па ја исправи главата.
поткрепи, потпомогне
Примери:
Тие го потпреа неговиот предлог.
придржат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпре, поткрепи да не падне.
Примери:
Синот го придржа таткото да излезе од ординацијата.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се придржува) се придржи
прикрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпре со нешто за да го направи поцврсто, посигурно.
Примери:
Тој ги прикрепи гранките со еден стап.
хранат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само 3. л.) Одржува некого.
Примери:
Филозофијата не ме храни веќе.
(се храни) Се издржува, добива средства за живот.
Примери:
Работеше и се хранеше.