опсипе
опсипат; опсипи, опсипете; опсипав, опсипаа; опсипал; опсипан; (ќе) опсипев, (ќе) опсипеа; (ќе) опсипел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18930
1.
Покрие, посипе некаква површина со нешто; покрие, посипе некого или нешто од сите страни.
Англиски:
cover,
shower
Албански:
kaploj, mbuloj
Виулицата ми го опсипа лицето со снегулки.
Непријателот нѐ опсипа со оган од сите страни.
Тестото го опсипа со брашно и почна да сука.
Градот го опсипа благата светлина на месечината.
2.
Даде, упати некому нешто во голема мера, во изобилие; натрупа некого со нешто.
Примери:
Таа го опсипа со подароци и бакнежи.
Веднаш штом влезе, таа го опсипа со прашања и префрлања.
3.
(се опсипе) Се појави во голем број.
Англиски:
overwhelm
Албански:
mbuloj, mbush
Кожата ни се опсипа со пликови.
Изведенки
1.
опсипува несв.
(се) опсипуваат
(се) опсипуваат
2.
опсипување ср.
глаг. им.
глаг. им.