орган
мн. органи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1334
1.
Дел од организмот со определена функција.
Примери:
Органи за слушање.
Говорни органи.
Репродуктивни органи.
2.
Установа со определени функции или лице вработено во неа како нејзин извршител.
Примери:
Високата стручност мора да се запази во овој стручен надзорен орган.
3.
Периодично печатено издание на некоја институција или организација.
Примери:
„Литературен збор“ е орган на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература.