Анатомија - категорија

област повеќе

мн. области
Вид збор: Именка, женски род
Дел од телото на човекот кој зафаќа еден или повеќе телесни органи.
Англиски: part Албански: pjesë
Примери:
Тој чувствува болки во областа на градниот кош.

образ повеќе

мн. образи
Вид збор: Именка, машки род
Едната страна од лицето на човекот.
Англиски: cheek Албански: faqe
Примери:
Имаше лузна на десниот образ.

око повеќе

мн. очи
Вид збор: Именка, среден род
Орган на сетилото за вид кај човекот и кај животните.
Латински: oculus Англиски: eye Српски: око Албански: sy Бугарски: око Грчки: οφθαλμός
Примери:
убави очи

окце повеќе

мн. окца
Вид збор: Именка, среден род
око
Англиски: eye Албански: syçkë

опашка повеќе

мн. опашки
Вид збор: Именка, женски род
Последните пршлени на 'рбетниот столб кај човекот.
Албански: bisht

орбита повеќе

мн. орбити
Вид збор: Именка, женски род
Очна јама.
Англиски: eye socket Албански: zgavër syri

орган повеќе

мн. органи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од организмот со определена функција.
Англиски: organ Албански: organ
Примери:
Органи за слушање.

организам повеќе

мн. организми
Вид збор: Именка, машки род
Севкупност на физичките и психичките својства на човекот.
Англиски: organism Албански: organizëm
Примери:
Тој има многу здрав организам.

органски повеќе

органски
Вид збор: Придавка
Што се однесува на организмот во целина или на некој негов орган, што е вроден.
Англиски: organic Албански: organik
Примери:
Резултатите не покажуваа никакво органско заболување.

отвор повеќе

мн. отвори
Вид збор: Именка, машки род
Природно отворено место на човечки или животински организам.
Англиски: opening Албански: vrimë
Примери:
носен отвор

очен повеќе

Види и: око (ср.)
очниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на око.
Албански: i syrit
Примери:
очен нерв, очни капаци

очник повеќе

мн. очници
Вид збор: Именка, машки род
Заб што се наоѓа меѓу секачите и катниците.
Англиски: eyetooth Албански: dhëmb i syrit

очњак повеќе

мн. очњаци
Вид збор: Именка, машки род
Песји, кучешки заб.
Англиски: eyetooth Српски: очњак
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш